Се бара нуклеарен одговор, согласно руската нуклеарна доктрина

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Американскиот претседател Доналд Трамп не бил однапред информиран за украинската операција Пајакова мрежа, која беше изведена викендов, што се оценува како еден од украинските најсмели напади на руска територија. Во нападот беа уништени или оштетени повеќе руски воени авиони, вклучително и неколку стратешки бомбардери.

Според изјавата на официјален претставник на американската администрација, претседателот Трамп не бил однапред известен за нападот.

Според Андриј Коваленко, шеф на украинскиот Центар за борба против дезинформации, во нападот со дронови извршен во ноќта од 31 мај на 1 јуни 2025 година, уништени се најмалку 13 руски воени авиони, а неколку други се оштетени. Цел на нападите биле четири руски воени воздухопловни бази. Украинската Служба за безбедност (СБУ) проценува дека вредноста на уништените авиони изнесува околу 7 милијарди долари. Според СБУ, уништени се 34 отсто од руските стратешки бомбардери кои се стационирани во главните воени аеродроми.

Операцијата, планирана повеќе од 18 месеци, вклучувала криумчарење на FPV (first-person view) дронови и мобилни дрвени кутии во Русија. Дроновите биле скриени во специјални прегради во камиони, распоредени на четири локации, оддалечени илјадници километри една од друга. Тие потоа биле далечински активирани за напади врз блиските воени бази. Вкупно биле употребени 117 дронови, управувани преку руски телекомуникациски мрежи, а операторите биле повлечени од руска територија пред нападот.

Шефот на СБУ, Васил Маљук, го информираше украинскиот претседател Володомир Зеленски за резултатите од операцијата, истакнувајќи дека таа била изведена од „канцеларија“ лоцирана во близина на регионална управа на руската ФСБ.

– Ова е апсолутно брилијантен резултат. Самостоен успех на Украина, реализиран по година и пол планирање – изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека нападот го извел „режимот во Киев“ и потврди дека воени аеродроми во 5 региони биле цел на дроновите. Москва не објави детали за загубите. Соопшти дека повеќето украински дронови биле пресретнати и уништени пред да ги достигнат целите.

📽️ УКРАИНА ПОГОДИ 40 РУСКИ АВИОНИ ПРЕД НАЈАВЕНИТЕ ПРЕГОВОРИ? Операцијата „Пајажина“ била планирана 18 месеци
Украинските разузнавачки служби користеле вештачка интелигенција за да ги идентификуваат руските бомбардери, обучувајќи ги системите за навигација на дроновите врз основа на советски авиони изложени во музеј во Полтава. Нападите биле извршени преку ден, што ги изненадило руските сили, кои очекувале ноќни напади со поголеми дронови.

Според воениот аналитичар Серхиј Кузан, оштетувањето на околу 40 стратешки бомбардери, вклучително Ту-95, Ту-22 и Ту-160, претставува сериозен удар за руската авијација, особено затоа што овие авиони повеќе не се произведуваат.

„Губитокот на Ту-160 е особено тежок, бидејќи тие се вистински ‘еднорози’ во руската флота. Рускиот воено-индустриски комплекс тешко ќе може да ги обнови оштетените авиони“, напиша воениот блогер Олександар Коваленко на Телеграм.

- Advertisement -
Ad image

Нападот предизвика остри критики во Русија кон военото раководство за несоодветна заштита на авионите, кои биле оставени на отворено.

Руски државни медиуми и социјални мрежи споменуваат можен нуклеарен одговор, повикувајќи се на руската нуклеарна доктрина, бидејќи цел биле бомбардери способни да носат нуклеарно оружје. Сепак, Кремљ сè уште не коментира официјално кои се можните контрамерки.

Share This Article