СДСМ: За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе.
Топ Вести - Слушај сега
За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе.
За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата, Мицкоски прво мора да се уапси самиот себе и своите најблиски.
Мицкоски ги стави во свои канџи речиси сите институции, судството, обвинителството, и не само што му се под контрола туку им дели и задачи од собраниската говорница.
За да ја докаже својата „желба“ за борба против криминалот и корупцијата, самиот нека се упаси!
Нема борба против криминалот и корупцијата без одговорност на главниот.
Нема борба против криминалот и корупцијата без одговорност за криминалните тендери: 161 тендер за една фирма, 51 тендер за омилената фирма преку општините, 9 милиони евра за двајца вработени, 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта…
Мицкоски нека го повика Груевски да се врати во Македонија, да одговара и да ги врати двете милијарди евра што ги украде.
Зошто не инсистира неговиот личен пријател Орбан да го депортира оној што украде најмногу од граѓаните на Македонија – неговиот учител?
Зошто нема одговори од каде поминала дрогата од 5 тони преку границата, за скапите часовници, за фотографиите со киминалецот Симо?
Дали вака изгледа „борба“ против корупцијата и криминалот?
Не, ова е слика на криминалот и корупцијата во власта.
Македонија го има својот Мадуро.