Топ Вести - Слушај сега
Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска го претстави новото раководство на партијата, кое треба да биде потврдено на седницата на Централниот одбор. Новиот тим доаѓа по реформите што ги најави Филипче на почетокот на декември, кога на негово барање оставка поднесе целото раководство, освен партискиот лидер.
Според Филипче, новото раководство претставува балансирана комбинација на искусни кадри и млади, амбициозни политичари кои сакаат да ја развиваат партијата. Позицијата генерален секретар ќе продолжи да ја врши Александар Саша Димитријевиќ, додека меѓу потпретседателите ќе биде и ортопедот Александар Трајановски, кој неодамна беше кандидат за градоначалник на Аеродром.
– Еден од најголемите предизвици кога се прави тим е да се обезбеди комбинација на искусни луѓе, што секако ќе ги има, и на млади луѓе коишто сакаат да се развиваат, да работат во таа сфера. И тој предизвик не е само во политиката, туку насекаде – да се обезбеди смена на генерации. Тука да бидат искусните и старите, да знаат дека не им е завртен грбот, дека секогаш е отворена вратата, дека имаат со кого да работат, на кого да го пренесат своето знаење и искуство. И таков еден тим сега ќе се формира и ќе се официјализира денеска, изјави лидерот на СДСМ.
На прашањето зошто тој е единствениот од раководните структури на партијата кој не поднесе оставка по локалните избори, Филипче одговори дека функцијата ја презел неодамна и дека токму затоа има мандат да ги спроведе неопходните промени.
Со новото раководство, СДСМ влегува во нова фаза на консолидација и подготовки за предизвиците што доаѓаат.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
