Русија го забрза повлекувањето на своите војници од сириското пристаниште Тартус, покажуваат најновите сателитски снимки, јавува Би-Би-Си.
По падот на режимот на Асад во декември, колони руски возила беа снимени како се движат кон пристаништето Тартус.
Сателитските снимки покажаа и дека таму се чува воена опрема.
Тартус е клучна база за руската војска, што и овозможува полнење гориво, како и поправка на бродови. Новите снимки покажуваат дека голем дел од опремата сега ја нема, по заминувањето на руските воени бродови додека официјални лица одржуваа „искрени разговори“ со новата влада во Дамаск.