На 70-годишна возраст почина креативниот директор на продукцијата „Гранд“, Саша Поповиќ, а неговиот пријател и соработник, композиторот Александар Милиќ Мили откри каква била неговата борба со тешката болест.
Александар Милиќ Мили рече дека тој бил покрај Саша од почетокот на болеста, дека редовно разговарале, и му понудил помош.
– Од почетокот на болеста бевме во контакт, бидејќи знаев низ што минува и колку љубовта и позитивната енергија ја олеснуваат борбата против толку голем и подмолен проблем. Го поврзав дури и со луѓе во Германија и во Америка кои работат на нов метод за борба против ракот со вакцина базирана на анализа на крв и моментална состојба, која има фантастични и неверојатни резултати – изјави Мили.
Сепак Саша одлучил да се лекува во Париз.
– Терапите во Франција веќе беа инвазивни и даваа резултати, па продолжи да се бори, бидејќи цел живот беше борец за она што е добро. Последниот пат само ми рече „Навистина е тешко, сега е тешко“ и знаев дека сè стана премногу. Зад него останува голема тага, но и спомени полни со насмевки, музика и грижа за луѓето – раскажа неговиот близок соработник.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
