Само Судскиот совет може да разрешува членови на Судскиот совет, му одговори Камбовски на Мицкоски

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Комисијата првично треба да изврши увид во предметот за возачот што ја усмрти Фросина Кулакова, рече денеска Александар Камбовски, претседател на Судски совет, одговарајќи на новинарски прашања.

Во врска со формирањето на комисијата која треба да утврди дали имало пропуст во претходните судски постапки за обвинетиот Васил Јованов што на пешачки премин ја прегази Кулакова, Камбовски посочи дека малку е чувствително времето, затоа што предметот во овој момент се наоѓа пред Апелацискиот суд во Скопје.

– Треба внимателно да постапува комисијата, да не создаде притисок врз апелационите судови бидејќи тие нормално треба да одлучат по таа првостепена пресуда. Ако е добра ќе ја потврдат. Ако сметаат дека не е во ред, дека постојат одредени повреди на постапката, ќе ја укинат или можеби ќе ја преиначат. Затоа треба комисијата внимателно да изврши увид и откако ќе заврши со увидот, ќе направи свој извештај. Ќе се постапува паралелно. Меѓутоа, убаво би било да внимаваме бидејќи не сакаме да почувствува Апелациониот суд некаков притисок од наша страна. Доволен е притисокот што веќе го има од јавноста врз тој суд – истакна Камбовски, по седницата на Судскиот совет.

Во однос на најавата дека дел од пратениците ќе гласаат недоверба на членовите на Судскиот совет, Камбовски искоментира дека единствено место каде тоа е предвидено е во Законот за Судски совет.

Според него, секој има право да поднесува иницијативи откако од Владата истакнаа дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива до Собранието.

На прашањето што доколку Собранието ги разреши членовите, Камбовски вели дека сите во државата работиме согласно закон и Устав.

– И немам причина да се сомневам дека и Владата и Собранието работат согласно тие принципи – рече првиот човек на Судскиот совет во изјава за медиумите.

Запрашан дали би го поканил премиерот Христијан Мицкоски на средба по сите прозивки за да се расчистат дилемите, Камбовски вели дека „кај него нема дилема доколку се зборува за законско постапување“.

Тој истакна дека секогаш е отворен за разговор и соработка со останатите две власти во државата, во корист на граѓаните.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article