Само 11 општини доставиле извештаи до Министерството за животна средина за спроведени контроли од страна на инспекторите за животна средина, при кои се утврдени различни прекшоци, а се изречени опомени и казни

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Само 11 општини доставиле извештаи до Министерството за животна средина за спроведени контроли од страна на инспекторите за животна средина, при кои се утврдени различни прекшоци, а се изречени опомени и казни, соопшти Министерството за животна средина.

„Согласно извешатите за спроведени активности од страна на општините за периодот од 20 до 24 јануари, во 11-те општини што доставиле извештаи до Министерството за животна средина се спроведувале редовни и засилени инспекциски контроли. Инспекциските служби на Општина Гази Баба при редовна обиколка и контрола на загревањето на малите сервиси не затекнала согорување на отпад. На две физички лица затекнати како палат гуми и електрични кабли им се изречени казни. На едно правно лице му е изречена казна за несоодветно депонирање на отпад. На три домаќинства што се загреваат согорувајќи дрвен отпад, како иверки, отпадни даски и слично, по овој основ им се изречени опомени. Наложено им е итно да го отстранат отпадот од дворните места и да користат огревно дрво за затоплување“, соопшти Министерството.

Општина Кисела Вода, се додава во соопштението, изрекла 2 казни на физички лица за горење на отпад на отворено.

Општина Илинден во неколку рутински контроли на отворен простор на подрачјето на општината не утврдила неправилности.

Општина Охрид спровела инспекциски надзори во два автосервиса. Едниот се загревал на дрва, а другиот на електрична енергија. Во двата сервиса отпадните масла се предавале на овластена фирма.

„Во Општина Битола се извршени се вонредни инспекциски надзори во 4 инсталации со Б интегрирани еколошки дозволи: Млекара АД Битола, Лацталис, ИМВ Велковски и Квасара. Од страна на акредитиран субјект извршени се мерења на емисиите во воздухот при што е констатирано дека кај Млекара и Лацталис , каде како енергенс се користи мазут, има надминување на дозволеното ниво на емисиите на азотни оксиди. Кај Квасара АД Битола, каде како енергенс се користи дрво, има надминување на јаглерод моноксид. Изречени се опомени. Исто така, при вонредните надзори на четири пекари констатирано е дека сите користат исклучиво огревно дрво“, соопшти Министерството.

Во Општина Тетово, во 5 засилени контроли на мали инсталации е констатирано е дека четири од нив корист дрво во произведствениот процес, главно пекари, а една користи електрична енергија.

Share This Article