САД од денеска ќе започнат да испраќаат официјални писма до своите трговски партнери со детали за нови царини и трговски договори, соопшти американскиот претседател Доналд Трамп.
Трамп уште во април најави основна царина од 10% за речиси сите увозни производи, со дополнителни „реципроцитетни“ царини за земји со трговски дефицити со САД. Овие мерки беа паузирани за 90 дена, рок кој истекува на 9 јули.
„Писмата со договори или царини ќе бидат испратени до различни земји низ светот од понеделник напладне (16.00 по Гринич)“, објави Трамп на платформата Трут Соушл.
Тoj изјави дека очекува „до 9 јули да биде завршено со поголемиот дел од земјите – или со писмо или со договор“, додека неговиот министер за трговија, Хауард Латник, прецизираше дека новите царини ќе стапат во сила на 1 август. Првичната цел на мерките, според Белата куќа, е да се поттикнат другите земји да ги намалат бариерите за американски извоз.