Background

САД ќе воведат царина од 104 отсто за кинеска стока од среда, 00:01 часот по источна американска временска зона (вечерва, 21:01 часот по македонско време)

САД ќе воведат царина од 104 отсто за кинеска стока од среда, 00:01 часот по источна американска временска зона (вечерва, 21:01 часот по македонско време), потврди официјален претставник на Белата куќа, јавуваат западни медиуми.

Оваа одлука следи откако Пекинг не ги укина своите контрамерки кон американските производи до утврдениот рок – вторник напладне, како што претходно побара американскиот претседател Доналд Трамп.

Наместо тоа, Кина соопшти дека „ќе се бори до крај“ и ќе преземе противмерки против САД за да ги заштити своите интереси, откако претседателот Трамп се закани со дополнителна царина од 50 отсто на кинескиот увоз.

- Advertisement -
Ad image

Министерството за трговија во Пекинг соопшти дека наметнувањето на таканаречените „реципрочни царини“ од страна на САД врз Кина е „целосно неосновано и претставува типична еднострана практика на застрашување“.

Кина, втората по големина економија во светот, најави одмазнички царини, а Министерството во својата последна изјава навести дека може да следуваат уште мерки.

„Противмерките што ги презема Кина имаат за цел да го заштитат нејзиниот суверенитет, безбедност и развојни интереси, како и да го одржат нормалниот меѓународен трговски поредок. Тие се целосно легитимни“, соопшти Министерството.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation