Градскиот суд во Тбилиси денеска го прогласи за виновен поранешниот претседател на Грузија, Михаил Саакашвили, во случајот за проневера на државни средства и го осуди на 9 години затвор, додавајќи 3 години на затворската казна што ја издржува во моментов.
Саакашвили, кој беше претседател од 2004 до 2013 година, претходно беше осуден на 6 години затвор поради злоупотреба на службената положба по враќањето во Грузија во 2021 година, објави грузиска новинска агенција.
Поранешниот грузиски претседател е во болница од 2022 година, а денеска не се појави на судењето, јавува Цивил Грузија.