Руте на линија со ставовите на Трамп за одбраната на НАТО

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

НАТО, како сојуз, нема да може да се одбрани за четири или пет години доколку остане со ова ниво на трошење, предупреди на Светскиот економски форум во Давос генералниот секретар на Алијансата Марк Руте. Тој ги повика светските лидери да ја „засилат, а не да ја намалуваат“ поддршката за Украина, со цел земјата да влезе во евентуални мировни преговори со Русија во најдобра можна позиција.

– За мирот да биде одржлив, мора да се осигураме дека Путин никогаш, ама баш никогаш, повторно нема да се обиде да заземе ниту еден квадратен километар од Украина – вели Руте.

Руте истакна дека е клучно да се „промени текот на војната“, предупредувајќи дека фронтот се движи во погрешна насока, пренесува „Гардијан“.

Генералниот секретар на НАТО исто така призна дека претседателскиот пратеник за специјални мисии на САД, Ричард Гренел, има поента кога бара поголеми финансиски издвојувања.

–  Проблемот, како што претседателот (на САД) Трамп постојано нагласуваше, е што Европа не троши доволно за одбраната – оцени генералниот секретар на Алијансата.

Претходно, Гренел, се спротивстави на изјавите на Марк Руте за членството на Украина во НАТО, посочувајќи дека голем дел од членките не го плаќаат свој дел.

– Не можете да барате од американскиот народ да го прошири чадорот на НАТО додека сегашните членки не ја исполнуваат својата одговорност, вклучувајќи ја и Холандија, која треба малку да се покаже – изјави Гренел.

Share This Article