Руте го правда зголемувањето на одбранбените трошоци

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Денешниот ден е клучен бидејќи ќе решаваме за целите за зајакнување на капацитетите и за тоа како ќе се трошат парите за потребите на одбраната, изјави денеска во Брисел генералниот секретар на НАТО, Марк Руте при пристигнувањето на состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на Алијансата.

– Моите предвидувања се дека ќе се договориме за целите за капацитетите. Секако ќе разговараме и за многу други прашања, но ова е клучно во пресрет на Самитот во Хаг, за да бидеме сигурни дека во Хаг ќе се договориме за поголеми трошоци, за поголемо производство и секако за нашата поддршка за Украина – рече Руте.

Според него, како што јави дописникот на МИА од Брисел, договорените цели ќе треба да му овозможат на НАТО да биде способен да може да се одбрани во случај да биде нападнат, а за што е потребно да се зголемат трошоците за одбраната.

– Ако сте подготвени за војна, тогаш нема да бидете нападнати – нагласи Руте.

Тој потенцира дека за да се постигне тоа потребно е значително зголемување на трошоците од страна сите земји членки на НАТО, затоа што мора да се инвестира во противвоздушната одбрана, во ракети со голем дострел, во маневарските способности на копнените сили и во командните системи, за што се потребни огромни инвестиции на целата територија на Алијансата.

Руте додаде дека притоа исто така е важно да се изедначат трошоците на европските членки на НАТО и Канада со одбранбените издвојување на САД, бидејќи, како што рече, ако сакаме фер Алијанса сите сојузници мора да трошат подеднакво.

Во врска со неговата идеја за постепено зголемување на трошоците за одбраната до ниво од пет отсто од БДП до 2032 година, Руте рече дека тоа е само предлог за кој ќе се дебатира во следните недели.

– Тоа е добро, затоа што во крајна линија ова е демократска Алијанса и мора да донесеме одлука со консензус. Ќе ги изнесам моите предлози за одбранбените трошоци и за новиот план и попладнево ќе ве информирам што ќе се договориме – рече Руте, додавајќи дека затоа денешниот министерски состанок е многу важен.

Според него, целта на сите овие планови и инвестиции не се само да се троши повеќе, туку да се зајакне Алијансата за да биде способна да се брани не само сега, туку и во наредните години.

- Advertisement -
Ad image

Тој потсети дека во рамки на денешниот состанок во форма на работен ручек ќе се одржи и неформално заседание на Советот НАТО-Украина, на кое ќе учествуваат и украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров и високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас.

Share This Article