Ѕвездата на Реал Мадрид, францускиот репрезентативец Килијан Мбапе, повторно е во центарот на вниманието, но овојпат поради љубовниот живот. Светските медиуми брујат за неговата врска со шпанската актерка Естер Експозито, која има милиони следбеници на социјалните мрежи.
Романсата брзо стана хит тема, особено по фотографиите и видеата од нивните заеднички појавувања.
Мбапе бил забележан како ја вози актерката низ Мадрид и ја прегрнува по неговото враќање од репрезентативни обврски.
Експозито претходно била и на трибините на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, каде што го поддржувала.
Шпекулациите за врската се засилиле кога двајцата биле видени заедно во приватен авион за Париз.
Подоцна биле забележани и во луксузен ресторан, што дополнително ги разгоре гласините.
Естер Експозито е една од најпопуларните актерки од новата генерација.
Таа стекна светска слава со улогата на Карла во серијата „Елита“, а на Инстаграм има повеќе од 24 милиони следбеници.
Покрај тоа, глумеше и во филмовите „Кога ангелите спијат“, „Твојот син“, „Венера“ и „Изгубени во ноќта“.
Ова не е првпат актерката да биде во фокусот поради врска со фудбалер.
Претходно се шпекулираше дека била во врска со соиграчот на Мбапе во Реал Мадрид, Винисиус Жуниор.
Tagged as:
Русокосата била во врска и со Винисиус?
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
