Руските вооружени сили денеска спроведуваат масовни напади врз енергетската инфраструктура на Украина, соопшти министерот за енергетика на Украина, Герман Галушченко.
„Инфраструктурата за дистрибуција на енергија и пренос на гас во неколку украински области повторно е изложена на масовно бомбардирање со дронови и со ракетни напади“, напиша Галушченко на својот профил на Фејсбук.
Халушченко веднаш не кажа каде е погодена критичната инфраструктура, но истакна дека „спасувачите и енергетските работници“ се на местото на настанот за да обезбедат итна реставрација, објави Киев индепендент.
Русија редовно лансира ракети, насочени кон различни региони на земјата, а мета е критичната инфраструктура на Украина