Руските власти го вратија телото на украинската новинарка Викторија Рошчина, која почина под нејасни околности додека беше во руски притвор минатата есен

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Руските власти го вратија телото на украинската новинарка Викторија Рошчина, која почина под нејасни околности додека беше во руски притвор минатата есен, соопшти во четвртокот заменик-министерот за внатрешни работи на Украина, Леонид Тимченко, објави Москов тајмс.

Рошчина, која имаше 27 години, исчезна во август 2023 година додека известуваше од источна Украина, територија под руска окупација. Нејзината судбина остана непозната сè до април 2024 година, кога руското Министерство за одбрана потврди дека таа била уапсена.

Смртта на Рошчина беше објавена од украинскиот Штаб за координација на заробеници во октомври, откако нејзиниот татко добил известување од руското Министерство за одбрана дека таа починала на 19 септември.

– Нејзиното тело беше вратено во рамки на последната репатријација на крајот од февруари. Нејзините остатоци беа идентификувани преку ДНК анализа – изјави Тимченко.

На 14 февруари, Русија и Украина разменија тела на 45 руски војници за останките на 757 украински војници. Не е јасно дали телото на Рошчина било меѓу тие што беа вратени тогаш.

Тимченко посочи дека Русија не навела причина за нејзината смрт – нешто што, според него, честопати се случува при враќање на телата на загинати украински граѓани или војници.

Рошчина работеше како слободна новинарка за независни медиуми, меѓу кои „Украинска правда“ и украинската редакција на Радио Слободна Европа/Радио Слобода (RFE/RL). Во 2022 година ја доби наградата за Храброст во новинарството од Меѓународната фондација за жени во медиумите за нејзиното известување од фронтот во источна Украина.

Таа претходно беше уапсена во март 2022 година, во руски окупираниот пристанишен град Бердјанск, каде што беше задржана 10 дена.

Share This Article