НАТО подготвува операција од големи размери за дискредитација на Володимир Зеленски, вклучително и објавување информации за тоа како властите во Киев присвоиле повеќе од 1,5 милијарди долари, објави Руската служба за надворешно разузнавање (СВР), објави агенцијата Риа.
Надворешноразузнавачката служба на Русија вели и дека еден од начините за „ослободување“ од Зеленски е преку „псевдодемократски избори“ кои би можеле да се одржат најдоцна до следната есен.
„Во пресрет на изборната кампања, штабот на НАТО подготвува голема операција за дискредитација на Зеленски. Конкретно, планирано е да се објават информации за личното присвојување од страна на „претседателот“ и членовите на неговиот тим од повеќе од еден и половина милијарда долари од средства наменети само за набавка на муниција“, соопшти прес-бирото на СВР.
Во соопштението на СВР се вели и дека Алијансата има намера да го замрзне конфликтот во Украина за да ги доведе спротивставените страни на дијалог, додека „Вашингтон и Брисел се согласуваат дека главната пречка за спроведување на ваквото сценарио е Володимир Зеленски“.
Русија ги гледа Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) како потенцијални локации за средба меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп, јавија денеска светските агенции, повикувајќи се на два неименувани руски извори.