Background

Руските сили успеале да освојат 556 квадратни километри во еден месец, што е најмногу од почетокот на годината

Руските сили успеале да освојат 556 квадратни километри во еден месец, што е најмногу од почетокот на годината, според податоците на украинската платформа DeepState. Тоа е површина четирипати поголема од Ливерпул и речиси иста како градот Чикаго.

Во меѓувреме, секоја вечер експлозии го тресат Киев, а руската офанзива продолжува со масовни напади на беспилотни летала и ракети. Нападот рано наутро на 10 јули беше најмасовниот досега од почетокот на војната.

Познатиот Институт за проучување на војната во најновиот извештај анализира дека Москва се обидува да ги пресече снабдувачките патишта на украинската војска на исток и да создаде тампон-зона по северните граници, но напредокот е бавен. Според друг извештај на Институтот од крајот на мај, со вакво темпо, би ѝ била потребна 91 година за целосна окупација на Украина.

- Advertisement -
Ad image

На мета се поглемите градови како Суми и Харков. Русите се обидуваат да пристапат во зона од која е можно артилериско гаѓање на градовите.

Главните операции се концентрирани на три зони: североисточниот регион Суми покрај руската граница, областите околу градовите Покровск и Костјантинивка на исток, како и територијата западно од Покровск.

Во Суми, руските единици навлегле 10 до 12 километри, но биле сопрени од жесток украински отпор. Претседателот Владимир Путин изјави дека сака да обезбеди „безбедносна зона“ за руската територија, откако минатото лето украински трупи кратко навлегоа во Курск.

 

Русија во Курск доби од Северна Кореја, но контролата се менува. Граничните села често потпаѓаат на едната или на другата страна.

Аналитичарите предупредуваат дека без засилувања, Русија тешко би можела да пробие – целта е да се истроши Украина и да се прошири фронтот.

Слично е и во Харковскиот регион, каде Русија тврди дека презела контрола врз погранично село, но нови успеси се малку веројатни без дополнителни сили. Воените аналитичари сметаат дека целта е да се натера Киев да прераспредели трупи на долг фронт од 1.200 километри, што ќе ја ослабне одбраната на важни точки како Покровск.

Токму таму, според украинскиот генерал Олександр Сирској, се концентрирани околу 111.000 руски војници, а руската армија се обидува да го освои градот веќе две години.

На исток, Русија се обидува да ги полуопкружи украинските сили кај Покровск и Костјантинивка и да ги натера да се повлечат.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation