Background

Руските дронови не отвориле оган врз полските системи „Патриот“

Инцидентот во Полска со соборените руски дронови во моментов не се третира како напад, велат извори на НАТО. Алијансата, исто така, потврди дека руските беспилотни летала со радар ги забележале и системите „Патриот“, но не отвориле оган.

Послка претходно соопшти дека побарала да се активира членот 4 во НАТО.

Покрај полските авиони Ф-16, во ноќешната операција за заштита на полскиот воздушен простор учествувале и холандски авиони Ф-35 и италијански авиони за надзор АВАКС, јавуваат британските медиуми.

- Advertisement -
Ad image

Британските медиуми потсетуваат дека ова е прв случај во кој Полска соборила руски беспилотни летала на сопственото небо.

Премиерот Доналд Туск го нарече настанот „чин на агресија“, додека Европската унија рече дека тоа е најсериозното кршење на европскиот воздушен простор откако започна руската инвазија на Украина.

Туск претходно изјави дека разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, откако повеќе од десетина беспилотни летала влегоа во полскиот воздушен простор за време на руските напади врз Украина, јави ДПА.

Европскиот комесар за одбрана Андријус Кубилијус денес повика на итна изградба на ѕид против беспилотни летала по должината на источниот дел од Европската Унија откога руски беспилотни летала утрово го нападнаа полскиот воздушен простор.

Павел Муравјеика, белорускиот заменик-министер за одбрана, тврди дека беспилотните летала случајно влегле во полскиот воздушен простор откако нивните навигациски системи биле блокирани.

Во видео на официјалниот канал Телеграм на Министерството за одбрана на Белорусија, Муравјеика изјавил дека беспилотните летала „се изгубиле“ и дека самата Белорусија соборила неколку беспилотни летала над сопствената територија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation