Рускиот ММА борец Владимир Полозов има седум борби во кариерата, но она што го направи во последната стана хит во светот на ММА борбите.
Имено, Полозов уште во септември минатата година направи чудесен пресврт, а дури сега неговата борба стана вирална.
Тој се бореше против Анатолиј Галушка и беше на работ на пораз. Тој добиваше страшен ќотек и само чекаше судијата да ја прекине борбата.
Но, сопругата на Полозов истрча до кафезот и го молеше да го повлече потегот, а тој неверојатно го стори тоа и ја заврши борбата со лост на раката на противникот.