Девет лица загинаа во напад на руско беспилотно летало врз автобус во Марганец во југоисточна Украина, објави во средата на Телеграм гувернерот на регионот Днепропетровск.
„Дронот (…) удри во автобус во кој се превезуваа вработени во компанијата“, рече Сергиј Лисак, додавајќи дека „непријателскиот напад ги однесе животите на девет лица“.
Досега се пријавени 30 повредени, но „бројката се уште се зголемува“, рече тој.
По руските напади во текот на ноќта избувнаа пожари во неколку украински региони. Според украински извори, ударите се регистрирани во регионите на Киев, Харков, Полтава, Одеса и Дњепропетровск.
Нападите беа извршени пред состанокот на САД, Украина и европските држави во Лондон во среда за нова рунда разговори за решение на конфликтот во Украина, по повеќе од три години руска инвазија.
Кремљ во вторникот предупреди да не се брза со преговорите со цел да се обезбеди прекин на огнот.