Руски беспилотни летала синоќа ги нападнаа украинските градови Харков и Дњипро, при што загина најмалку едно лице, а повредени се најмалку 46

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Руски беспилотни летала синоќа ги нападнаа украинските градови Харков и Дњипро, при што загина најмалку едно лице, а повредени се најмалку 46, соопштија украинските власти.

Харков, вториот по големина град во Украина, кој се наоѓа во близина на руската граница, повторно беше мета на жестоки напади. Според регионалниот гувернер Олех Синехубов, меѓу повредените во Харков има две деца и бремена жена. Нападите предизвикале големи оштетувања на висока станбена зграда, приватни куќи, медицинска установа и цивилна инфраструктура.

– На Харков беа извршени 16 напади – изјави градоначалникот Ихор Терехов, нагласувајќи дека повеќе делови од градот се тешко погодени.

Јавниот сервис „Суспилна“ објави фотографии на кои се гледаат пожарникари како се борат со пожарите, а беше потврдено дека беспилотно летало погодило осми кат од станбена зграда. Исто така, оштетени се две медицински установи.

Во југоисточниот град Дњипро, беспилотни летала предизвикаа сериозни пожари, при што животот го загуби 53-годишен маж, а уште едно лице беше повредено, информира гувернерот на регионот Днепропетровск, Серхиј Лисак.
Нападите се случија во момент кога САД, кои се обидуваат да посредуваат во мировните преговори меѓу Русија и Украина, предупредија дека ќе се повлечат како посредник доколку двете страни не предложат конкретни решенија.

Во меѓувреме, рускиот претседател Владимир Путин најави тридневен прекин на огнот од 8 до 10 мај по повод 80-годишнината од победата над нацизмот, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на подолг, 30-дневен прекин на огнот.

Share This Article