Руската амбасада во Букурешт го нарече упадот со дронови во Романија „провокација“ од страна на Украина

Lorita
By Lorita
1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Руската амбасада во Букурешт го нарече упадот со дронови во Романија „провокација“ од страна на Украина, откако рускиот амбасадор беше повикан во романското Министерство за надворешни работи вчера поради инцидентот.

За време на состанокот, амбасадорот Владимир Липаев го нарече протестот на Романија, во кој ја обвинува Русија, „неоснован“, се вели во соопштението објавено синоќа од амбасадата.

„Сите факти укажуваат дека ова навистина била намерна провокација од страна на режимот во Киев“, се додава во соопштението.

Инциденетот доаѓа само денови откако дузина руски дронови беа соборени на небото над Полска.

Романското Министерство за надворешни работи го повика рускиот амбасадор во неделата за да му предаде протест поради она што го опиша како неприфатлив упад на руски дрон во романскиот воздушен простор во саботата, неколку дена по спектакуларниот упад на група руски дронови во Полска, што беше осуден од Европската Унија.

На шефот на руската дипломатска мисија, Владимир Липаев, му беше врачен „силен протест“ поради „овој неприфатлив и неодговорен чин“, се вели во соопштението на министерството.

Министерството „ја повика руската страна да ги преземе сите потребни мерки“ за да спречи повторно да се случи такво „кршење на суверенитетот на Романија“.

Share This Article