Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) во понеделникот соопшти дека на две лица поврзани со британската амбасада во Москва им било наредено да ја напуштат земјата поради разузнавачки активности, јави руската државна новинска агенција ТАСС.
ТАСС ја цитираше ФСБ дека и двете лица намерно дале неточни информации за себе при влегувањето во Русија и дека и двете покажале, како што рече безбедносната служба, „знаци на разузнавачка активност и саботажа“ што ја загрозува руската национална безбедност.
Наводно се работи за втор секретар на амбасадата и сопруг на првата секретарка.
Тие мора да ја напуштат земјата во рок од две недели, пренесе ТАСС.
Руското Министерство за надворешни работи во понеделникот соопшти дека повикало претставник од британската амбасада во Москва.