Русија ќе биде претставена на погребот на папата Франциск во Рим од министерката за култура Олга Љубимова, соопшти денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
– По одлука на претседателот Владимир Путин, Русија ќе биде претставена од министерката за култура Олга Љубимова – изјави Песков, пренесува ТАСС.
На церемонијата в сабота се очекува присуство на голем број светски лидери, но Москва веќе потврди дека претседателот Путин нема да биде меѓу нив.
Како што забележува ДПА, поради меѓународната потерница издадена од Меѓународниот кривичен суд против Путин заради присилното одведување украински деца за време на инвазијата врз Украина, неговите патувања во држави што го признаваат судот се сметаат за ризични.
Путин изрази сочувство по смртта на папата, нагласувајќи ја неговата улога во унапредување на дијалогот меѓу Католичката и Руската православна црква.
Во 2016 година, папата Франциск се сретна со рускиот патријарх Кирил – што беше прва средба меѓу поглаварите на двете цркви во историјата.
Папата Франциск, кој имаше 88 години, почина во понеделникот во Ватикан.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
Copyright 2025 OhridSky
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
