Русија изведе ноќен напад врз североисточниот украински град Суми, при што беа ранети 11 жители, меѓу кои и четири деца, соопштија денеска украинските служби за итни случаи.
Сумскиот регион се граничи со Русија и е под постојан напад и од беспилотни летала и од ракети.
Службите за итни случаи објавија на Телеграм дека Русија погодила висока станбена зграда, куќи и инфраструктура.
Според гувернерот на регионот, Игор Калченко, Русија нападнала железничка станица, уништувајќи неколку вагони и оштетувајќи згради.
 
							 
								 
			

 


 
                               















 
		 
		 
		 
		 
		







 
		 
		 
		 
		