Русија исплати огромна сума по падот на авионот со 48 загинати

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Семејствата на загинатите во авионската несреќа во Амурската област, кои трагично ги загубија животите при падот на авионот Ан-24, ќе добијат паричен надомест од по пет милиони рубљи (околу 53.000 евра), соопшти денеска Владата на Руската Федерација.

Во извештајот по владината седница со која претседаваше министерот за транспорт, Андреј Никитин, се наведува дека надлежните служби добиле налог веднаш да ги прифатат и обработат барањата за исплата.

– Роднините на загинатите ќе добијат по пет милиони рубљи. Целта е исплатата да се реализира во најкус можен рок – стои во соопштението на Владата.

Според информациите на ТАСС, средствата ќе се распределат од неколку извори:

– 2,025 милиони рубљи ќе исплати осигурителната компанија,

– 2 милиони рубљи ќе покрие авиопревозникот,

– додека регионалните власти ќе обезбедат 1 милион рубљи како посебна финансиска помош.

Официјалната потврда стигна и од гувернерот на Амурската област, Василиј Орлов, кој преку својот Телеграм-канал.

– Одлучивме на семејствата на загинатите жители на Амур да им доделиме по еден милион рубљи од регионалниот буџет – вели Орлов.

- Advertisement -
Ad image

Трагичниот инцидент се случи вчера, кога патничкиот авион Ан-24, кој полета од Благовешченск, се урна во близина на градот Тинда. Според официјалните податоци, во несреќата животот го загубија 48 лица.

По несреќата, гувернерот Орлов, заедно со членови на владината комисија, го посетија привремениот прифатен центар во Тинда, кој во моментот има капацитет од 50 лица, но по потреба, може да биде дополнително проширен.

Share This Article