Рускиот претседател Владимир Путин денеска прогласи еднострано примирје во Украина од 8 до 10 мај, што се совпаѓа со 80-годишнината од победата над нацистичка Германија, јави агенцијата ДПА.
„Во овој период, сите непријателства ќе престанат“, се наведува во соопштението на Кремљ, додавајќи дека Путин ја донел одлуката од „хуманитарни причини“.
Понатаму се вели дека „Русија верува дека украинската страна треба да го следи овој пример“.
Киев сè уште не одговорил на повикот, додава ДПА.
Истовремено, Русија уште еднаш ја изрази својата подготвеност за мировни преговори без предуслови.
Коментирајќи ја изјавата на Путин за тридневното примирје, портпаролката на Белата куќа Каролин Ливит рече дека американскиот претседател Доналд Трамп јасно ставил до знаење дека сака траен прекин на огнот во Украина, а не привремен прекин на непријателствата.
Претседателот сака да види трајно примирје што ќе ги запре убиствата и крвопролевањето“, рече Ливит.
Таа додаде дека Трамп „останува оптимист“ во врска со можноста за постигнување договор, но дека е „сè повеќе фрустриран од лидерите на двете страни“ кои, како што рече таа, „мора да седнат на маса и да преговараат за излез од конфликтот“.