Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека конфликтот во Украина станал посредна војна меѓу САД и Русија и дека ќе биде неопходно да се најде начин да се стави крај.
– Претседателот Трамп верува дека ова е долготраен конфликт кој дошол во ќорсокак, и искрено, тоа е посредна војна меѓу нуклеарните сили: САД, кои им помагаат на Украина и на Русија – изјави Рубио за Фокс њуз, објави на сајтот Стејт департментот.
Тој додаде дека украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно ги „саботирал“ напорите на Трамп да преговара за крај на конфликтот и нагласи дека мирот ќе бара отстапки од двете страни.
– Украинците треба да бидат таму, Русите треба да бидат на маса. Треба да ги собереме – рече Рубио.
Тој, исто така, го предупреди Хамас сериозно да ги сфати заканите на Трамп во врска со заложниците во Газа.