Топ Вести - Слушај сега
Сообраќајната полиција во кинескиот град Шенжен буквално се крена во воздух. Градските власти почнаа да користат дронови за контрола на сообраќајот, со што полицијата доби „очи од небо“ кои реагираат во реално време.
Новиот систем вклучува дронови и таканаречени „дрон-кошници“, поставени низ градот, од кои леталата автоматски полетуваат веднаш штом ќе се случи сообраќајна незгода или прекршок. Благодарение на живата видео-снимка од воздух, полициските службеници можат да им даваат инструкции на возачите на лице место, без воопшто да дојдат физички на терен.
Кај помалите сообраќајни незгоди, дроновите за неколку минути прават 3Д реконструкција на инцидентот, а одлуката за вина се носи за околу пет минути. Документите потоа автоматски им се испраќаат на учесниците во дигитална форма.
Освен за незгоди, дроновите секојдневно патролираат по маршрути оптимизирани со вештачка интелигенција. Тие откриваат прекршоци кои тешко се фаќаат од земја, возење по полна линија, злоупотреба на ленти за итни случаи или небезбедно престројување.
Според градските власти, ваквиот систем овозможува расчистување на местото на сообраќајна незгода и до трипати побрзо од класичните методи, што значително го намалува сообраќајниот метеж.
Дел од дроновите се дизајнирани да летаат и на дожд и силен ветер, а работат синхронизирано со паметни улични светилки и полициски моторцикли опремени со дополнителна технологија.
Шенжен уште еднаш покажа како изгледа „паметен град“ во пракса, овој пат со сообраќајна полиција која не стои на раскрсница, туку лета над неа.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
