Ревизијата за 2023 година откри многу слабости и пропусти во Пензискиот фонд

Lorita
By Lorita 10 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Државниот завод за ревизија изрази неповолно мислење за вистинитото и објективно прикажување на финансиската состојба и на резултатите од работата на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување за 2023 година, соопшти ДЗР.
Ревизорите утврдиле:

– не е извршено евидентирање на имотот во деловните книги на постојаните
средства добиени по основ на стечајни постапки, за кое Фондот има сопственост
или пренесено право на користење;
– пописот на средствата и обврските не е целосно спроведен;
– за отпишаните движни ствари е извршено бришење од сметководствената
евиденција, без одлука на Владата и без спроведување на постапка за нивно
уништување или отуѓување;
– Фондот не располага со податоци за вкупно наплатените средства од акцизи и
целосноста на наплатените приходите по овој основ;
– на сметката за уплата и распределба на придонеси, на крајот на секоја година
остануваат парични средства за кои дел се неидентификувани уплати на
придонес и за истите не се создадени можности да се користат за исплата на
пензии;
– склучен е договор за закуп на деловен простор на 20 години без спроведена соодветна постапка;
– слабости во спроведувањето на постапките и реализацијата на договорите за
јавни набавки;
– слабости во начинот на доделување и исполнетоста на условите за сместување
во становите при домовите за живеење на корисниците на пензија со кои
стопанисува Фондот;
– слабости во безбедноста и сигурноста на ИТ системот.

„Во јуни 2022 година по спроведен јавен конкурс и постапка, со Одлука на Управниот одбор именуван е директор на Фондот на која Владата нема дадено согласност, што не е во согласност со Законот за ПИО и влијае на начинот на извршениот избор. Во март 2023 година, по девет месеци, од страна на Владата донесено е Решение за недавање на согласност на одлуката на УО од јуни 2022 година за именуваниот директор на Фондот од страна на УО што влијае на квалитетот на раководењето и работењето како и на начинот на реализација на правата и должностите на директорот утврдени со закон“, се вели во соопштението.

Ревизорите утвриле дека во текот на 2023 година, спроведена е набавка за тековно одржување и изведување на градежно занаетчиски работи на деловни објекти на Фондот во централата, филијалите, деловниците и пензионерските домови за кои се склучени договори и анекси кон договорите во вкупен износ од 35,8 милиони денари за која ревизорите утврдиле слбасти во нејзиното спроведување и реализација.

„Имено, за позициите за кои била понудена минимална цена, во текот на реализација на договорот не се извршени нарачки. Договорот се реализирал за само неколку работни позиции, кои во споредба на понудите на останатите економски оператори кои биле оценети како неприфатливи, за истите позиции имале од 2 (два) до 22 (дваесет и два) пати пониски цени“, соопшти Државниот завод за ревизја.

Фондот во континуитет се соочува со недостиг на кадровски капацитети на стручен
и обучен кадар во секторите клучни за дејноста, во подрачните единици, во секторот за ИТ и во одделението за внатрешна ревизија, што значително влијае на
квалитетот на извршувањето на дејноста и работењето, додава ДЗР.

„Во текот на 2023 година се ангажирани 206 физички лица со договор на дело за
период од 2 до 12 месеца, за кои Фондот има обезбедено согласности од
Министерството за финансии, за извршување на работни задачи согласно
систематизацијата на работни места, за кои се исплатени средства во износ од
50 милиони денари. Ревизорите укажуваат дека не постои евиденција за
присуство на ангажираните лица, поради што постои можност од исплата на
парични средства на лица кои не биле присутни на работните места и не ги
извршувале работните обврски. Во договорите не е предвидена обврска
ангажираните лица да доставуваат извештаи за извршената работа, што не
обезбедува уверување во однос на исполнувањето на нивните работни задачи и
обврски за кои се ангажирани, при што поголем дел од договорите не се потпишани од страна на извршителите“, се вели во соопштението на ДЗР.

Кај делот кој се однесува на внатрешните контроли во подрачните единици (ПЕ)
ревизорите утврдиле состојби кои влијаат на квалитетното извршување на
работните обврски на Фондот:

– неажурност во работењето и постоење на стари и не решени предмети од
пред повеќе години;
– нефункционалност на системот за евиденција на работното време;
– несоодветна распределба на работните обврски помеѓу вработените и
лицата по договор за дело, поголем обем на работа кај одредени ПЕ и потреба
од нови вработувања;
– речиси кај сите ПЕ е утврдена состојба на несоодветни хигиенски услови за
работа во деловните простории и уништени натписни табли на Фондот и има
потреба од реконструкции на објектите, кои во најголем дел се користат
заедно со ФЗО;
– предметите се чуваат во несоодветни услови и постојат можности за нивно
оштетување од кражба, влага и поплави и уништени предмети;
– слаба комуникација и координација на ПЕ со Централата во Скопје.

- Advertisement -
Ad image

„Исто така ревизорите утврдиле слабости во делот на функционирањето на
воспоставените внатрешни контроли во процесот на обработка на пензиските
досиеја и исплатата на пензиските примања, кој се одвива преку воспоставениот
електронски систем, што влијае на навременоста и точноста на постапката на
пресметка и исплата на пензиските примања“, соопшти ДЗР.

Ревизорите додаваат и дека продолжува дефицитот на средства во Фондот.

„Приходите од наплатен придонес од плата за пензиско и инвалидско осигурување
во 2023 година се зголемени за 13% во однос на претходната 2022 година и
изнесуваат 63.340.987 илјади денари, со учество од 65,74% во вкупно остварените
приходи. Оствареното зголемување на приходите во 2023 година и понатаму не е
доволно за покривање на расходите за социјални бенефиции, кои исто така секоја
година бележат раст. Процентот на средствата кои се одвојуваат од Буџетот
на државата до 2018 година континуирано се зголемува, а од 2019 година бележи
тренд на намалување. Во 2023 година учеството на трансферираните средства од
Буџетот на државата е 32,6%“, се вели во Извештајот на ДЗР.

- Advertisement -
Ad image

Во декември 2023 година бројот на осигурениците изнесува 573.372 лица додека
бројот на пензионери изнесува 337.814 лица, односно соодносот
пензионери/осигуреници е 1:1,70 и бележи мало намалување во
однос на 2022 година, кога изнесувал 1:1,71.

„Во делот на останати прашања ревизорите ја истакнуваат состојбата во
врска со донесениот Закон за финансиска поддршка на социјално ранливите
категории на граѓани во декември 2023 година со кој е извршена исплата и тоа на:
корисници на посебен додаток, корисници на правото на надоместок заради
попреченост, самохрани родители кои се евидентирани на гарантирана минимална помош, корисници на право на пензија во висина до 19.000 денари.
Не оспорувајќи ги заложбите за доделување на финансиска помош на оваа
категорија на граѓани, ревизорите истакнуваат дека донесувањето на овој закон,
кога е извесно дека ќе се спроведат редовните претседателски и парламентарни избори на 24.4.2024 година и на 8.5.2024 година, со што се исплатени средства на корисниците на пензија во предизборниот период од февруари до април 2024 година во вкупен износ од 1.243.322 илјади денари е во колизија со барањата на член 8-а од Изборниот законик. Согласно овој член, не може да се вршат исплаќања на плати, пензии, социјална помош или други исплати и
материјални надоместоци од буџетски средства или од средства на јавните фондови кои не се редовни месечни исплати. Ревизорите укажуваат дека согласно одредбите од членот 8-а од Изборниот законик, исплатата на финансиската поддршка на социјално ранливите категории по распишувањето на изборите на 14.02.2024 година требало да престане да се исплатува сè до завршување на изборите. Исплатата на средствата се вршела преку разделите на МТСП, Фондот и на МОН од кои по денот на распишувањето на изборите спротивно на барањета на член 8-а од Изборниот законик исплатени се средства во износ од 1.750.549 илјади денари“, соопштија државните ревизори.

Share This Article