Решение за отпуштените работници ќе се бара кај новите инвеститори

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Автомобилската индустрија од земјава која е директно поврзана со европската веќе ги чувствува последиците од кризата. Компанијата „Аптив“ најави дека до крајот на годината ќе ја напушти земјава поради преструктурирање на производството на европскиот пазар, а други веќе најавуваат намалување на бројот на вработени. Како ќе реагираат останатите ќе зависи од тоа како ќе успеат да ги надминуваат проблемите, но факт е дека кај голем дел од нив е намален обемот на работа.

Виктор Мизо, претседател на Советот на странски инвеститори на Стопанската комора вели дека домашните компании се афектирани помалку или повеќе од состојбите во европската автомобилска индустрија, а за тоа како ќе реагираат на промените зависи поединечно од секоја компанија и состојбата во која е таа.

– Кај нас можам да кажам само дека има намалување на обемот на работа. Кај некои компании повеќе, а кај некои помалку и решенијата на проблемот зависат од поединечната состојба. Тоа зависи од пазарот во Европа, но и од моделот за кој се изработуваат компоненти на различните локации во Македонија, не можам да дадам еден одговор за сите – вели Мизо.

Тој додава дека европската автомобилска индустрија која е во криза подолг период се обидува преку преструктурирање да се извлече од проблемите предизвикани од намалената продажба несоодветната брзина на електрификацијата и од притисокот на конкуренцијата посебно од Кина.

– Намалени се порачките. Во индустријата има ниска електрификација, брзината на приспособување на новите барања е бавна, а има притисок од конкуренцијата на Кина. Проблем се и царините кои се најавуваат, па се повлекуваат. Сета таа неизвесност се афектира врз компаниите. Во Европа уште се високи цените на автомобилите. Просечната цена е повисока од 40.000 евра што влијае на побарувачката. Во моментов, можам да кажам дека постојат ветришта што делуваат во спротивна насока за оваа индустрија – вели Мизо.

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека заминувањето на еден од странските инвеститори од земјава е природен процес кој смета дека ќе се надмине со новите странски инвестиции кои треба да дојдат во земјава.

– Има и неколку нови компании коишто најавуваат отпочнување инвестиција или отворање нови производни погони, така што тоа е процес којшто е тековен. Оваа компанија за којашто вие кажавте, нѐ информираше пред неколку недели. Оваа година тие ќе си работат тековно, нормално. Преговараме со дел од инвеститорите коишто се заинтересирани да инвестираат и многу брзо од денеска ќе се надмине овој процес. Така што, јас повеќе сум загрижен дали ќе имаме доволно работна сила за сите оние инвестиции коишто се во процес на инвестирање – изјави Мицкоски денеска запрашан за тоа дека инвеститорите заминуваат, а работниците добиваат откази.

Не е познато дали и други компании од автомобилската индустрија кои имаат погони во змејава планираат да го намалат бројот на работници или да ги затворат погоните.

Share This Article