Background

Ректорите потпишаа меморандум со Агенцијата за иновации

Унапредување на соработката меѓу научно-истражувачката заедница и институциите во насока на развој на иновациите, технологијата и претприемаштвото е целта на меморандумот што денеска во Владата го потпишаа ректорите на државните универзитети со Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемаштво (ИНОВА).

На потпишувањето на меморандумот присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука, Весна Јаневска, и директорката на ИНОВА, Даниела Димовска.

Потпишувањето на меморандумот, според премиерот Мицкоски, претставува силна порака дека, како што нагласи, заедно можеме повеќе и оти преку партнерство можеме да создадеме услови за развој на претприемаштвото, за поддршка на стартапите, за зголемување на конкурентноста на нашите компании и изградба на економија базирана на знаење.

- Advertisement -
Ad image

– Особено е важно што оваа иницијатива отвора простор за подлабока соработка помеѓу универзитетите, институциите и бизнис-секторот, што може да резултира со нови проекти, заеднички истражувања и крирање решенија со реална примена. На тој начин се создаваат услови за задржување на младите таленти и нивно активно вклучување во развојот на македонската економија – рече Мицкоски.

Иницијативата на ИНОВА за воспоставување соработка со државните универзитети, според него, претставува важен чекор за подобро поврзување на образованието, науката и економијата. Улогата на МОН и на универзитетите, заклучи, е од особено значење во градењето систем, кој ќе овозможи развој на квалитетен кадар, подготвен да одговори на современите предизвици.

– Истовремено, поврзувањето со приватниот сектор и институциите создава основа за поефикасен трансфер на знаење и технологија. Фокусот на ова партнерство е во согласност со нашите стратешки приоритет, а тоа се поттикнување на иновациите, поддршка на претприемаштвото и стартапите, како и развој на конкурентна економија базирана на знаење – рече Мицкоски.

Потпишувањето на меморанумот, според министерката за образование Јаневска, е од стратешко значење за државата. Академската заедница, нагласи, е клучниот двигател на знаење, иновации и општествен напредок.

– Овој меморандум не е само формален чин, тој е потврда на нашата заедничка определба да изградиме уште посилна врска и континуирана соработка меѓу државата, универзитетите, со јасна цел поквалитетно високо образование и поактивна научно-истражувачка дејност, која ќе ја остваруваме преку Агенцијата ИНОВА – истакна Јаневска.

Очекува универзитетите, а упати порака и до бизнис-заедницата, сите активно да се вклучат и да ја насочат својата научна и истражувачка работа токму кон оние области, каде што потенцијалот за напредок е најголем.

Директорката на ИНОВА, Димовска, истакна дека со потпишувањето на меморандумот се прави чекор кој е многу повеќе од формалност.

– Ова е јасна определба за градење функционален систем, во кој знаењето се движи од универзитетите кон економијата, индустријата и кон општеството. Со квалитетни универзитети, талентирани студенти, имаме сериозен потенцијал, каде што наш предизвик е да го претвориме во реална вредност – истакна Димовска.

Меморандумот беше потпишан со ректорите на УКИМ – Скопје, ДУ – Тетово, УГД – Штип, УЈИЕ – Тетово, УКЛО – Битола, УСАП – Охрид и УМТ – Скопје, кои се обратија на настанот нагласувајќи ги придобивките од партнерството со ИНОВА и важноста на иницијативата за практична примена на знаењето.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation