Во земјоделието наследивме тотален хаос- и во делот на откупот, и во делот на исплатата на субвенциите, и во делот на исплатата на личните доходи во некои акционерски друштва во сопственост на државата, како и во јавните претпријатија, државни. Сето тоа успеавме во текот на овие девет месеци да го санираме, долговите да ги вратиме и исплатите да течат без проблеми, изјави премиерот Христијан Мицкоски. прашање.
– Од пораките што ги добив од земјоделците во овој регион, има одредено шпекулативно однесување од страна на откупувачите на зелката. Ова го добив како порака во последните ден-два. Разговарав и со министерот за земјоделство, кој ми рече дека денеска ќе биде тука – додаде тој.
Мицкоски истакна дека од она што е важно за Радовиш и Конче е цената на тутунот.
– Она што е важно за овој регион, радовишко и Конче, е дека имаме рекордна цена на тутунот, постигната како никогаш досега- 400 денари за килограм откупната, плус 100 денари субвенција – рече Мицкоски.
Тој додаде дека годинава субвенциите ќе бидат уште поголеми.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
