Регулаторната комисија за енергетика по втор пат неделава ја зголеми цената на мазутот и не ги промени цените на останатите горива.
Според денешната одлука на Регулаторната комисија малопродажната цена на мазутот се зголемува за 1,444 денари и еден килограм ќе чини 47,469 денари.
Малопродажните цени на бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство не се менуваат.
Како што појасни регулаторната комисија, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,055%, кај дизелот за 0,157%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 1,128% , додека кај мазутот зголемувањето е за 4,215%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната
пресметка е повисок за 0,0803%.