Регулаторната комисија ги зголеми цените на бензинот од 95 октани за половина денар, нафтата за горење за еден дена и мазутот за 0,52 денари. Цените на останатите горива остануваат исти.
Новата малопродажна цена на бензинот „еуросупер – 95“ ќе изнесува 79,5, а на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 73 денари за литар. „Еуросупер – 98“ и понатаму ќе се продава за 81,5, а дизелот за 73 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,542 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 48,011 денари.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,198%, кај екстра лесното масло за 1,055 и кај мазутот за 1,452%, додека кај дизелот има намалување за 0,043%. Курсот на денарот во однос на доларот, пак, по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,0815%.