Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) информира дека сите домаќинства кои добиле сметки за електрична енергија и првпат им е фактурирана потрошувачка во четвртиот блок, имаат право на корекција. ЕВН Хоме е должен да направи соодветна распределба по блокови, врз основа на просечната потрошувачка на домаќинството во последните три пресметковни периоди.
Од РКЕ појаснуваат дека потрошувачите кои не се согласуваат со пресметката на сметката имаат право да поднесат приговор до универзалниот снабдувач. Доколку не добијат одговор во законскиот рок од осум дена или одговорот не е задоволителен, можат да поднесат приговор и до РКЕ како второстепен орган.
„Приговорот до РКЕ може да се достави во архивата на Комисијата или електронски на е-маил адресите erc@erc.org.mk и potrosuvaci@erc.org.mk. Во прилог потребно е да се достават копија од вложениот приговор до ЕВН Хоме, нивниот одговор и копија од сметката по која се приговара“, се вели во соопштението на РКЕ.
Од Комисијата нагласуваат дека против нивните решенија, незадоволната страна може да поведе управен спор.
Од 1 јануари 2025 година, цената на електричната енергија во сите четири блокови е зголемена за 0,92 отсто. Во првиот блок зголемувањето изнесува 0,68 отсто, во вториот 0,90 отсто.
Регулаторната комисија за енергетика апелира политичките партии да не ги политизираат одлуките на Комисијата, нагласувајќи дека таа функционира како независно тело.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖