Во 2024 година земјава имала 1.515.306 работоспособно население од кое повеќе од половината (792.779) било активно на пазарот на труд.
Ова се последните податоци на Државниот завод за статистика за пазарот на труд во 2024 година, според кои стапката на активност на населението изнесувала 52,3%, на вработеност 45,8%, а на невработеност 12,4%.
Од населението кое било активно на пазарот на труд на возраст повисока од 15 години 460.436 биле мажи, додека 332.342 биле жени.
Лани бројот на вработени изнесувал 694.506, додека 98.273 биле невработени лица.
Статистика пресмета дека 722.527 лица во земјава лани биле неактивни на пазарот на труд иако биле работоспособни. Од нив 284.449 биле мажи, додека 438.078 биле жени.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
