Разединетоста во Македонската православна црква по заминувањето на митрополитот Тимотеј

Saso
By Saso 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Смртта на митрополитот Дебарско-Кичевски г-дин Тимотеј отвори фронтална битка за влијание во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, која сега веќе не може да се сокрие од јавноста.

Особено проблематична стана улогата на игуменот Партение од Бигорскиот манастир, чии фанаријотски дејствија се доведуваат во директна спротивност со традицијата и историската улога на МПЦ-ОА како столб на македонската државност и национален идентитет. Неговиот отворен конфликт со владиката Петар дополнително ја продлабочи кризата во црковните кругови.

За поголемиот дел од црковниот клер, прашањето за наследник на упокоениот митрополит Тимотеј на тронот на Дебарско-Кичевската епархија не е дилема – јеромонахот Нектариј од манастирскиот комплекс Свети Наум се смета за единствениот достоен кандидат. Тој во црковните кругови е ценет како духовник кој цврсто ја чува македонската црковна традиција и ја разбира суштинската улога на МПЦ-ОА во зачувувањето на македонскиот национален идентитет.

Дејствувањето на Партение и неговите поддржувачи се толкува од многумина како обид за внесување на туѓи влијанија во македонската црква, токму во време кога таа по многу децении борба конечно ја доби својата автокефалност. Ваквите тенденции будат загриженост и кај верниците и кај поширокиот дел од македонската јавност.

Што е особено вознемирувачко е начинот на кој одредени кругови блиски до Бигорскиот манастир се обидуваат да ги маргинализираат или дискредитираат оние членови на Синодот кои застануваат во одбрана на традиционалниот карактер и улога на МПЦ-ОА.

Македонската православна црква се наоѓа на крстопат – дали ќе го продолжи својот автентично македонски пат на кој инсистираат повеќето архиереи, или ќе подлегне на притисоците за разводнување на нејзиниот национален карактер, што би имало далекусежни последици не само за црквата, туку и за македонската држава во целина.

Сашо Денесовски

Share This Article