Background

Растот на цената на горивата нема да направи плус трошоци

Изведувачот Бехтел и Енка продолжува да работи на изградба на автопатите според утврдената динамика и сите давачки од државата во моментов се платени. Растот на цената на горивата во овој момент нема да предизвика дополнителни трошоци, истакна во гостување во емисијата “Стадион” на Канал 77, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

– Не постои поголем договор во градежништвото каде што не постои таканаречено клизно прилагодување на цени, каде што се ставаат неколку клучни параметри. Тоа секако може да е негативно, на пример на проектите кои што ги гради Бехтел и Енка и на Синохидро, минатата година имавме намалување на цени. Битуменот е една од главните состојки за производство на асфалт, а исто така има доста транспорт при изградба на големи инфраструктурни проекти. Сега засега е стабилно, ако ова заврши во наредните 2-3 месеци, ние нема да имаме проблем, ако продолжи, секако ќе седнеме ќе разговараме – рече Николоски.

На прашањето што се промени во односот кон договорот со Бехтел и Енка од периодот кога ВМРО-ДПМНЕ беше опозиција и сега кога е на власт, Николоски директно одговори дека сега се работи, за разлика од тоа кога СДСМ и ДУИ беа на власт, кога ниту една траса не беше започната.

- Advertisement -
Ad image

– Јас бев најгласен критичар на Договорот во опозиција, најголемата маана е што тој договор е класифициран и на секој мој состанок со раководството на Конзорциумот јас барам да се декласифицира, и на секој состанок тие ме одбиваат. Во 2024 година кога бевме избрани, ниту една делница не беше започната да се гради, а беа исплатени 260 милиони евра за така наречена мобилизација. Изборот беше да го раскинеме договорот, да одиме на арбитража и таму сигурно ќе изгубевме уште 250-60 милиони, или да ги натераме Бехтел да работат. Мислам дека е почесно да се заврши проектот, за парите кои што како држава веќе сме ги платиле, отколку да им ги поклониме – посочи вицепремиерот Николоски.

Министерот исто така потенцираше дека сите давачки на државата кон конзорциумот во моментов се платени и за тоа постои потврда и од самата компанија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation