Нејмар меѓусебно го раскина договорот со Ал-Хилал од Саудиска Арабија.
32-годишниот фудбалер пристигна во Ал Хилал од Пари Сен Жермен во 2023 година за 90 милиони евра, како големо засилување, но за две години успеа да одигра само седум натпревари.
Нејмар долго време беше надвор од терените поради повреда, па никогаш не успеа да ги оправда огромните пари кои Саудијците ги вложија во него.
Имаше плата од 150 милиони евра годишно, а иако не придонесе ништо на теренот, може да се каже дека му помогна на клубот да се етаблира на меѓународна сцена.
„Клубот му изразува благодарност и признание на Нејмар за се што пружи во текот на неговата кариера во Ал-Хилал и му посакува успех во понатамошната кариера“, се вели во краткото соопштение на Ал Хилал.
Медиумите веќе со денови пишуваат за враќањето на Нејмар во Сантос, а шпанскиот весник Марка пренесува дека овој раскин на соработката вреди дури 62 милиони евра.
Бразилскиот фудбалер имаше договор со Ал Хилал на уште седум месеци, но одлуката за раскинување на соработката е донесена со заедничка согласност.
Многумина ова го гледаат како желба на Нејмар да се врати во Сантос.