Background

Рано утрово продолжи потрагата по 16-годишното девојче кое вчера попладне исчезна во водите на реката Вардар кај селото Уланци, општина Градско

Рано утрово продолжи потрагата по 16-годишното девојче кое вчера попладне исчезна во водите на реката Вардар кај селото Уланци, општина Градско, потврдија од Министерството за внатрешни работи и Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Спасувачката акција, во која се вклучени припадници на МВР, специјалната единица „Волци“ на Армијата, како и полициски службеници од Полициската станица Велес, е повторно активна од утринава. Потрагата е засилена и координирана, со зголемено полициско присуство на терен.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека синоќа потрагата била привремено прекината поради небезбедни услови за претрага во ноќни услови.

- Advertisement -
Ad image

– Дежурниот оперативен центар на ЦУК беше известен дека екипите се повлекуваат поради немање минимум соодветни услови за безбедна претрага во текот на ноќта. Рано утрово, тимовите продолжија со активностите со взаемна координација и максимален ангажман – изјавија од ЦУК.

Теренот каде се одвива потрагата е тежок и водостојот на реката дополнително ја отежнува мисијата на спасувачките тимови. Надлежните институции апелираат на воздржаност и почитување на насоките за безбедност, особено во близина на водни површини во летниот период.

Инцидентот е пријавен вчера во СВР Велес во попладневните часови, кога било пријавено дека две женски лица, едно на возраст од 16 години и друго од 26 влегле во реката, по што потонале.

„По пристигнувањето на екипите на местото на настанот, 26-годишната девојка е пронајдена жива, додека по малолетното лице сè уште се трага“, информираа од СВР Велес.

Истражните и спасувачки активности продолжуваат во текот на денот, а јавноста ќе биде навремено информирана за сите нови детали.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation