Најголеми загадувачи се локалните, косовските и македонските туристи, кои зборуваат албански јазик, а кои се претставуваат како најголеми патриоти, рече денеска премиерот на Албанија, Еди Рама, зборувајќи за чистите плажи.
– Туристи кои не зборуваат англиски, шпански, француски, италијански, туку албански, од Албанија, од Косово, од Северна Македонија, се најголемите загадувачи на плажите и на туристичките места. Албанци кои се собираат за да уживаат во убавините и во своите одмори, застануваат на панорамски туристички места, прават селфи „ох, колку си убава, моја Албанија“ во исто време го истоваруваат ѓубрето од своите автомобили каде ќе стигнат – рече меѓу другото Рама.
спортските натпревари во војни, кога се со Србија или со некој друг, со кого се подготвени да се борат на стадионот. Но, тие се загадувачите на Албанија, кога станува збор за престој на плажа – посочи Рама.
На средбата одржана во Министерството за туризам, Рама како друг елемент на кој мора да се обрне внимание ја посочи бучавата. Најави забрана на музиката во баровите на плажите и намалување на нивниот број.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
