Претседателот на Бугарија, Румен Радев, на средбата со претседателот на Европскиот совет на ЕУ, Антонио Кошта, во рамки на Минхенската безбедносна конференција вчера рекол дека Бугарија не прифаќа измени на договорите со Македонија.
Според Радев, наведената амбиција на земјите од Западен Балкан за влез во ЕУ е можност за проширување на просторот врз основа на принципите на демократијата и владеењето на правото и со тоа ќе се зајакне стабилноста на регионот.
– Република Северна Македонија да започне со вистинска имплементација на европскиот консензус од 2022 година. Бугарија не наметнува нови барања во однос на европската перспектива на РСМ, но и не прифаќа промени во постигнатите договори, вградени во преговарачката рамка – рекол бугарскиот претседател на средбата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖