Background

Работодавците да не плаќаат придонеси за зголемениот дел

Пратеничката група на СДСМ предлага законско решение со кое работодавачите во приватниот сектор ќе можат да ги зголемат платите на своите вработени за износ од 3.000 до 15.000 денари, без да мора да плаќаат придонеси за тој зголемен дел, соопшти денеска пратеничката Сања Лукаревска.

– Се соочуваме со реален проблем, платите сè уште се ниски, а трошоците за живот постојано растат. Работниците се борат да врзат крај со крај, а многу од нив размислуваат да ја напуштат државата во потрага по подобри услови. Од друга страна, и работодавачите сакаат да ги зголемат платите, но честопати не можат поради високите придонеси кои мора да ги плаќаат. Затоа, пратеничката група на СДСМ предлага законско решение кое ќе им помогне и на работниците и на компаниите, а ќе обезбеди и дополнителни приходи во буџетот – рече Лукаревска.

Таа најави дека СДСМ ќе го достави законот до Собранието.

- Advertisement -
Ad image

– Како се пресметуваат придонесите? Придонесите за пензиско, здравствено и социјално осигурување се замрзнуваат на просекот од последните три исплатени плати на работникот.
Ова замрзнување важи во период од една година, што значи дека работодавачите ќе немаат дополнителен финансиски товар при зголемување на платите. Кои компании, за кои работници може да добијат ослободување? За работници за кои компаниите исплаќаат нето плата која не е повисока од 65.380 денари. Вакви работници има околу 400.000, кои би можеле да добијат повисоки примања, без зголемени трошоци за компаниите – вели Лукаревска.

Ако просечното зголемување на платата биде 7.500 денари за 400.000 вработени, тогаш вкупното покачување на платите на национално ниво би било 585 милиони евра, додаде таа.

– Иако работодавачите нема да плаќаат придонеси за ова зголемување, тие сè уште ќе плаќаат данок на личен доход (10%), што значи дека во државниот буџет ќе се слеат 58,5 милиони евра дополнителни приходи од данок на личен доход. Во реалноста, сето ова значи работниците да добиваат поголеми плати, компаниите да не се оптоваруваат со дополнителни трошоци, а државата добива повисоки приходи, без да воведе нови даноци или да зголеми буџетски трошоци. Оваа мерка е паметна, правична и издржана. Го поттикнува растот на платите, ја зајакнува економијата и создава стабилност и сигурност за работниците и компаниите. Го повикуваме парламентарното мнозинство и Владата да го поддржат овој закон – рече пратеничката Лукаревска.

Нема никаква оправдување зошто ова законско решение не би било изгласано, додаде таа.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation