Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 40 степени.
И во Скопје ќе биде сончево и многу топло, а попладне ќе се развие мала до умерена нестабилна облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
До вторник ќе се задржи многу топло време со дневна температура наместа и над 40°C. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.
Во среда, а особено во четврток поради продор на посвежа воздушна маса од север ќе има значително опаѓање на дневната температура. Ќе дува засилен северен ветер, а претежно во северните делови ќе има повремен дожд.