Во периодот од 22.05.2025 година-02.06.2025 година Општинскиот совет за превенција на детско престапништво со Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид и Секторот за внатрешни работи-Охрид оддржа работилници на тема ,,Безбедност и правила за децата во сообраќајот”, наменета за учениците од второ и трето одделение. Работилницата се оддржа во следните основни училишта: ,,Св.Наум Охридски”-Пештани со подрачните училишта од Коњско, Елшани и Трпејца, ОУ,, Живко Чинго”-Велгошти, ОУ ,,Ванчо Николески”-Лескоец со подрачните училишта од Косел и Куратица и ОУ ,,Кочо Рацин” со подрачното училиште во Лакочереј.
Работилницата се состоеше од теоретски дел со интерактивна презентација и практичен дел и имаше за цел децата како најранлива група на учесници во сообраќајот да се запознаат со основните правила за безбедност во сообраќајот. Посебен акцент се стави на значењето на боите на семафорот, правилно преминување на улица на пешачки премин, правила при користење на средства за движење, улогата на сообраќаецот во регулирање на сообраќајот, возила со предност на минување и значењето на сообраќајните знаци. По завршување на интерактивната презентација на учениците им беше даден квиз за проверка на стекнатите знаења за безбедност во сообраќајот.
На учениците им беа поделени флаери и минимизирани сообраќајни знаци со содржини кои беа опфатени со работилницата, а на улилиштата им беа дадени едукативни материјали со интерактивни игри за безбедност во сообраќајот.