Background

Путин за првпат од почетокот на војната во Украина испраќа свој близок соработник да преговара во Вашингтон

Рускиот претседател Владимир Путин за првпат од почетокот на војната во Украина испраќа свој близок соработник да преговара во Вашингтон. Кирил Дмитриев, клучен преговарач во име на Москва, оваа недела треба да се сретне со Стив Виткоф, пратнеик на Доналд Трамп за Блискиот Исток кој учествуваше во преговорите за Украина во Ријад.

Целта на нивната средба ќе биде зајакнување на односите меѓу САД и Русија и барање решение за ставање крај на војната во Украина, потврдија за Аксиос два американски службеници.

Веста ја објави и Ројтерс повикувајќи се на истите извори.

- Advertisement -
Ad image

Дмитриев, образован на Харвард, е директор на рускиот суверен богат фонд РДИФ и претходно беше предмет на санкции од администрацијата на Џо Бајден поради војната во Украина. Министерството за финансии на САД во 2022 година изјави дека „Путин и неговиот близок круг со години ги користеле РДИФ и Дмитриев за собирање средства во странство, вклучително и во САД“.

Дмитриев понекогаш се нарекува „консилиере“ на Путин, алудирајќи на некој што делува како доверлив посредник во сензитивни прашања, иако нема официјална улога на советник на рускиот претседател.

Според извори, американската влада привремено ги суспендирала санкциите за Дмитриев за Стејт департментот да може да му издаде виза. Според други информации, официјално барање за ова претходно било доставено до Министерството за финансии.

Портпаролот на Стејт департментот изјави за Си-Ен-Ен дека податоците за визите се доверливи според американскиот закон и дека тие не можат да коментираат поединечни случаи. Портпаролот на Министерството за финансии одби да коментира. И претставникот на Дмитриев одби да коментира.

Во февруари Дмитриев беше дел од руската делегација во Ријад, каде што почнаа првите неформални разговори за можен крај на конфликтот во Украина. Тој претходно соработуваше со Виткоф за ослободување на американскиот учител Марк Фогел од руски затвор, што администрацијата на Трамп го карактеризираше како гест на добра волја.

Трамп во интервју за Ен-Би-Си неодамна рече дека не е задоволен и од Москва и од Киев и дека може да воведе нови санкции кон Москва поради коментарите на Путин за украинскиот претседател Володимир Зеленски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation