Путин нареди зголемување на бројот на редовната руска армија на 1,5 милиона, што ќе ја направи армијата на Руската Федерација втора по големина во светот.

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Рускиот претседател Владимир Путин нареди зголемување на бројот на редовната руска армија на 1,5 милиона, што ќе ја направи армијата на Руската Федерација втора по големина во светот.

Оваа одлука, како што јавуваат британските медиуми, доаѓа по сè почестите напади на украински беспилотни летала врз клучните рафинерии и гасоводи длабоко на руска територија.

Високо рангирани руски воени претставници изјавија дека ќе се обидат да користат резервисти за одбрана на цивилната инфраструктура, како што се рафинериите за нафта.

Рускиот претседател, по состанокот со највисоките воени претставници на земјата, наредил да се зголеми бројот на редовната армија на 1,5 милиони активни војници, што ја прави Русија втора по големина армија во светот, по Кина.

Путин изјави дека во Украина се борат најмалку 700.000 лица, додека руските парламентарци наведуваат дека во активна резерва се наоѓаат уште околу два милиона. Станува збор за Руси кои потпишале договор за резерва, но обично не служат активно.

Рускиот вицеадмирал Владимир Цимљански, заменик-началник на главниот организациски и мобилизациски оддел на Генералштабот на Руската армија, изјави дека употребата на беспилотни летала со долг дострел од страна на Украина ја зголемила заканата за критичната национална инфраструктура и станбените области.

– Со цел да се зголеми безбедноста на критичните објекти и другите објекти важни за благосостојбата на граѓаните, беше одлучено да се вклучат најобучените и најпатриотски настроени граѓани во спроведувањето на мерките за заштита на цивилните објекти длабоко во Русија – рече тој.

Доколку Русија распореди повеќе резервисти во заднинскот дел за да ја брани инфраструктурата, Москва потенцијално би можела да ослободи повеќе од своите редовни војници за бојното поле во она што прерасна во смртоносна војна на исцрпување, соопштија британските меидуми.

Цимљански рече дека предложените измени не претставуваат некаков вид мобилизација, додека на руските канали на Телеграм одлуката се толкува токму така – како огромна мобилизација.

- Advertisement -
Ad image

Руското Министерство за одбрана, исто така, експлицитно изјави дека резервистите нема да бидат вклучени во тоа што Кремљ го нарекува своја „специјална воена операција“ во Украина, ниту пак ќе бидат користени надвор од границите на Русија.

Министерството за одбрана соопшти дека овие резервисти ќе служат во својот регион, иако, судејќи според пораките на Телеграм, малкумина веруваат во тоа.

Share This Article