Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека има луѓе во светот кои сакаат да се вратат во времето на инвазијата на Наполеон, но забораваат како заврши тој историски настан.
– Сè уште има такви кои не можат да седат мирни, има луѓе кои сакаат да се вратат во времето на Наполеон, заборавајќи како заврши – рече Путин за време на состанокот со вработените и штитениците на фондацијата „Бранители на татковината“, пренесоа руските медиуми.
Тој истакна дека на Русија и е потребна верзија на мир во Украина која ќе обезбеди стабилен развој и мир за Русија.