Првите 100 дена од администрацијата на претседателот Доналд Трамп се однесуваа на „многу брзо внесување промени“, а во следните 100 дена ќе бараме од Конгресот и меѓународните партнери „да се заложат за тоа“

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Првите 100 дена од администрацијата на претседателот Доналд Трамп се однесуваа на „многу брзо внесување промени“, а во следните 100 дена ќе бараме од Конгресот и меѓународните партнери „да се заложат за тоа“, рече американскиот потпретседател Џеј Ди Венс.

Во интервју за Фокс њуз диџитал Венс зборуваше за можностите што ги гледа во иднина за развивање на економијата и за завршување на војната меѓу Украина и Русија  .

– Првите 100 дена ги поправате и ги решавате сите работи што се многу лесни за правење. Мислам, граничната криза е прашање на претседателско спроведување. Имате различен претседател. Имате различни политики за спроведување што се случуваат веднаш, а кои не бараат акт на Конгресот. Тоа е само нешто што можете веднаш да го промените – рече Венс.

Голем дел од нашите енергетски политики се политики за дозволи, додаде тој.

– Се обидуваме да го олесниме градењето работи. Тоа се работи што можете да ги промените многу брзо – рече тој.

Венс предупреди и дека „во следните 100 дена ќе има многу работи што нема да се променат толку брзо.“

– Тоа е големиот, прекрасен закон – законот за помирување, за кој сметаме дека ќе доведе до трајно олеснување на даноците за Американците, но исто така малку ќе ја поттикне економијата. Тоа ќе биде главен фокус – рече американскиот потпретседател.

Во врска со надворешната политика и со Украина тој изјави:

– Очигледно, имаме многу прашања од надворешната политика на кои работевме, а за кои мислам дека ќе се реализираат на еден или друг начин во следните 100 дена. Знаете, претседателот јасно стави до знаење дека не сака Иран да има бомба. Тој би сакал конфликтот меѓу Русија и Украина да се доведе до трајно решение, каде што нема да има 5.000 луѓе што умираат секоја недела од двете страни на тој конфликт – рече тој.

- Advertisement -
Ad image

Кога беше прашан до каде се преговорите во однос на Русија и Украина, Венс рече дека првиот и неопходен чекор за решавање на конфликтот меѓу Русија и Украина е да се натера секоја од нив да даде мировен предлог.

– И тоа всушност се случи. Украинците рекоа: „Ова е она што го сакаме“. Русите рекоа: „Ова е она што го сакаме“. Сега работата на дипломатијата е да се обиде да ги зближи овие две страни. Бидејќи постои многу голема разлика помеѓу она што го сакаат Русите и она што го сакаат Украинците. Многу од нашите европски пријатели јавно ќе кажат: „Па, знаете, не се согласувавме нужно со претседателот за она што го кажа или за она што го направи, или, знаете, за сите делови од неговата политика“. Тие во исто време ќе кажат дека тој е единствената личност што всушност можеше да наметне мировен предлог од двете страни, затоа што овие луѓе дури и не разговараа – ниту едни со други, ниту со никого. Тие само се бореа. Тоа беше тоа – рече Венс.

Значи, го имаме овој прв чекор, додаде.

- Advertisement -
Ad image

– Го имаме мировниот предлог и го објавивме и ќе работиме многу напорно во следните 100 дена, за да се обидеме да ги зближиме овие луѓе – рече потпретседателот на САД.

Share This Article